Во ноември 2022 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити забележа
минимален месечен раст од 0,01 п.п. и изнесува 4,41%, додека на годишна основа
оваа каматна стапка е намалена за 0,01 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните
депозити изнесува 0,77%, што претставува месечно и годишно зголемување од 0,03
п.п. и 0,01 п.п., соодветно, соопшти Народна Банка на Република С. Македонија.
Притоа, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во ноември изнесуваше 4,49% и е повисока за 0,05 п.п. и 0,73 п.п. на месечна и на годишна основа, соодветно. Просечната каматна стапка на новопримените депозити забележа
месечен пад од 0,23 п.п. и изнесува 1,27%, додека на годишно ниво е остварен раст
од 0,50 процентни поени, се вели натаму во соопштението на НБРСМ.
Во ноември, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот
сектор изнесува 3,75% и е зголемена за 0,04 п.п. во споредба со претходниот месец.
Нагорната промена е резултат на растот на каматните стапки на денарските кредити
без и со валутна клаузула (за 0,05 п.п. и 0,02 п.п., соодветно), додека каматните
стапки на кредитите во странска валута се непроменети. На годишно ниво, оваа
каматна стапка е повисока за 0,23 п.п.
Просечната каматна стапка,пак, на вкупните депозити на корпоративниот сектор, во
ноември оствари зголемување од 0,04 п.п. на месечно ниво и изнесува 1,30%.
Анализирано по валута, месечниот раст произлегува од повисоките каматни стапки
на денарските депозити без и со валутна клаузула (за 0,17 п.п. и 0,03 п.п.,
соодветно), во услови на пад на каматните стапки на депозитите во странска валута
(од 0,04 п.п.). Kаматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор
забележа годишно зголемување од 0,33 п.п.
КАМАТНИ СТАПКИ КАЈ ДОМАЌИНСТВАТА
Kаматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата, во ноември е намалена за
0,01 п.п. во однос на претходниот месец и изнесува 5,02%. Месечниот пад е резултат
на минималното намалување кај сите компоненти: каматните стапки на денарските
кредити без и со валутна клаузула и на кредитите во странска валута (за 0,01 п.п.,
соодветно). Kаматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за
0,19 п.п. на годишна основа.
Во ноември, кај просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на
домаќинствата е остварен пад од 0,03 п.п. на месечна основа и таа изнесува 4,55%.
Надолната промена во целост произлегува од пониските каматни стапки на
денарските кредити со валутна клаузула (за 0,02 п.п.), при забележан раст на
каматните стапки на кредитите во странска валута и на денарските кредити без
валутна клаузула (за 0,04 п.п. и 0,03 п.п., соодветно). Во споредба со ноември
минатата година, оваа каматна стапка бележи минимален раст од 0,01 п.п.
Kаматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата, во ноември, забележа
месечен раст од 0,02 п.п. и изнесува 0,72%. Промената се должи на растот на
каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на каматните
стапки на депозитите во странска валута (за 0,04 п.п. и 0,01 п.п., соодветно), во
услови кога не е забележана промена на каматните стапки на денарските депозити
со валутна клаузула. На годишна основа, каматната стапка на вкупните депозити на
домаќинствата се намали за 0,01 процентни поени, се вели во соопштението на НБРСМ.