ПОВЕЌЕ

    ПОВТОРНО НАЈДЕНИ ХЕМИКАЛИИ ВО ХРАНА ЗА ИЗВОЗ: Од хрватска граница вратени бисквити од Србија, содржеле титаниум оксид над дозволеното

    Време зa читање: 3 минути

    Европскиот систем за брзо предупредување во трговијата со храна (РАСФФ) објави дека на 2 ноември е вратена пратка бисквити од Србија наменета за хрватскиот пазар. Како што е наведено на веб-страницата станува збор за присуство на титаниум оксид (Е171), при што се нагласува дека овој производ е потенцијално опасен по здравјето на луѓето. Потенцијалните симптоми не се наведени.

    Европската комисија за безбедност на храна донесе регулатива во јануари 2022 година со која се забранува употреба на овој додаток во храната. Имено, титаниум диоксидот е природен титаниум оксид кој многу се користи, меѓу другото, како состојка во бои, креми за сончање или прехранбени бои.

    Како додаток на храна ја има ознаката Е171, а Европската комисија за безбедност на храна изјави дека постојат основани сомневања дека овој додаток предизвикува генотоксичност.

    Тоа значи дека внесувањето на титаниум диоксид може да доведе до промена на гените, односно човечкиот геном, што би предизвикало разни болести, па дури и рак. Покрај тоа, француските научници во 2017 година докажаа дека кај стаорци, редовното орално внесување на адитивот Е171 доведува до слабеење на имунолошкиот систем и воспаление на цревата. Имено, истражувањата покажуваат дека супстанцијата продира во цревната мембрана и стигнува до крвта во форма на наночестички.

    „ПОПЛАВА“ ОД ВРАТЕНА ХРАНА ПОРАДИ НЕДОЗВОЛЕНИ ХЕМИКАЛИИ

    За последниве шест месеци, повеќе пратки со разновидни прехранбени производи од Србија, главно овошје, но и зеленчук, додатоци во исхраната, како и грицки, беа вратени од хрватската и словенечката граница поради недозволени количества на штетни материи, а дел од пратките беа и уништени. Во октомври две пратки со храна од Србија беа запрени на границата со Хрватска и Словенија. Како што е наведено на веб-страницата на РАСФФ, на 18 октомври на границата со Словенија е запрена пратка замрзнати капини од Србија, поради недозволено количество на фунгицидот ипродион. Во пратката капини било регистрирано 0,023 мг/кг ипродион, а дозволената количина е 0,01 мг/кг. Наводно, стоката му била вратена на испраќачот.

    На 25 октомври на границата со Хрватска беше запрена пратка со додатоци во исхраната кои наводно содржеле нелегални состојки. И таа пратка му била вратена на испраќачот.

    Исто така, во септември е пронајдена мувла во сливи од Србија кои биле извезени во Хрватска, потврди Европскиот систем за брзо предупредување во трговијата со храна (RASFF).

    Во септември беше вратена и пратка со краставици – корнишони, во кои системот детектирал недозволени количества на фунгицид Металаксил

    Да потсетиме, на почетокот на август од хрватската граница беше вратена пратка чипс произведен во Србија, поради високото ниво на канцероген акриламид.

    Во средината на истиот месец, на хрватската граница во пратка праски пристигната од Србија е пронајдено високо ниво на пестицидот хлорпирифос, па товарот му бил вратен на испраќачот.

    На крајот на август, поради истиот пестицид, од хрватската граница беа вратени и сливи од Србија.

    Повеќе стручњаци во областа во Србија веќе јавно изразија стравување дека Србија се претвора во „депонија на непотрошени залихи на хемикалии забранети во ЕУ“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично