ПОВЕЌЕ

    Поврат на солидарниот данок: исплатени 20 милиони евра на 119 компании

    Време зa читање: 2 минути

    Државата досега се раздолжила со близу 20 милиони евра кон 119 компании, на кои им ги враќа средствата уплатени по основ на таканаречениот солидарен данок.

    „Министерсвото за финансии согласно утврдениот модел, од минатата недела започна со исплата на првиот дел од уплатените средства во Буџетот и досега се вратени вкупно 1,219 милијарди денари“, соопштија од Финансии.

    Законот за данок на солидарност Собранието го донесен во 2023 година. Со него беа опфатени големите компании кои во 2022 година остварија вкупен приход поголем од 615 милиони денари или над 10 милиони евра. Тогаш 156 компании во државната каса придонесоа со уплата на 49,2 милиони евра. Сепак, по иницијатива на бизнис заедницата, Законот за данок на солидарност падна пред Уставниот суд, односно беше поништен. Обврската за враќање, државата ја исполнува со парите на граѓаните што завршуваат во буџетот.

    Повратот на средствата се врши врз основа на доставено барање од страна на компаниите до Управата за јавни приходи, а врз основа на донесен Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за враќање на повеќе или погрешно наплатен данок. Според утврдениот модел, втората рата од долгот најголемите компании ќе ја добијат во март идната година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично