Во септември просечната пензија изнесувала 17,515 денари и повисока е за точно 1,139 денари во однос на претходниот месец август кога била 16,376 денари, објави во најновата статистика Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Зголемувањето на просечната пензија се должи на новата методологија за усогласување на пензиите. Со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери во државата добија повисоки пензии за 6.8%, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година.
Новата Методологија предвидува усогласување на пензиите со комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата на сите вработени во државата и 50% пораст на трошоци на живот, согласно официјалните податоци на Државниот завод за статистика.
Усогласувањето ќе се врши два пати во годината, односно во март и септември, што значи ќе ги следи промените во двата индекси за усогласување.
Во септемри месец се зголемил и бројот на пензионери во државата. Статистиката регистрирала 333,322 пензионери во септември месец, за разлика од август кога во државата се изброени 330,640 пензионери.
Редакција Пари