Во Јапонија е развиен хуманоиден робот Мусаши кој вози автомобил. Направен е од лабораторијата Џуху Систем Когаку.
Тимот научници кои го создадоа веруваат дека робот еден ден би можел да вози кој било автомобил и дека е подобар од автомобил без возач.
На објавената снимка, роботот го возел електричниот автомобил, забрзувајќи и сопирајќи како што сметало дека е соодветно во тоа време.
Кенто Кавахаразука од Универзитетот во Токио и неговите колеги развија хуманоиден робот наречен Мусаши, кој може да вози автомобил на ист начин како и човекот. Има „скелет“ и „мускулатура“ налик на човек, како и камери во секое од неговите очи и сензори за сила во рацете и нозете. Системите со вештачка интелигенција решаваат какви дејствија се потребни за да се вози автомобилот и да реагираат на настани како што се менување на бојата на семафорите или лице кое стапнува пред автомобилот.
Хуманоидниот робот кој може да вози автомобил може еден ден да се користи како возач, иако неговиот творец признава дека тоа може да потрае најмалку 50 години.
Повеќето автомобили без возач работат многу поинаку од човечки возач, користејќи вештачка интелигенција и сопствени механички системи за директно движење на воланот и педалите. Овој пристап е многу поефикасен и поедноставен од користењето на хуманоиден робот за возење, но исто така е нарачан за секој конкретен автомобил.
„Ако сакате да имате машина која ќе може да „гледа“ и да реагира на она што се случува во сообраќајот, тоа би можело да се направи со помалку технологија од онаа што е потребна за возило кое е 100% автономно“, велат од оваа лабораторија.
Мусаши првично беше развиен од јапонски истражувачи на Универзитетот во Токио во 2019 година и беше искористен за тестирање на системот. Има слични пропорции како човекот, плус структура на зглобовите и мускулите инспирирана од човекот.