ПОВЕЌЕ

    ПОВЕЌЕ ВРЕМЕ ЗА ЖИВОТ, ПОМАЛКУ ВРЕМЕ ЗА БАНКА – ПРОКРЕДИТ БАНКА ЈА ПРЕТСТАВИ НОВАТА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ВО РАМКИ НА КАМПАЊАТА „ТАМУ КАЈ ШТО СИ“

    Време зa читање: 4 минути

    ПроКредит Банка денеска официјално ја претстави новата мобилна апликација, со која дополнително го унапредува корисничкото искуство и ги поедноставува банкарските услуги за физички и правни лица. Станува збор за модерно дигитално решение што ги доближува услугите до постојните и новите клиенти, без да се изгуби важноста на човечкиот пристап и поддршка, спакувано под кампањата „Таму кај што си“.

    Кампањата го носи името по истоимениот евергрин на Ристо Самарџиев, преку кој ПроКредит Банка ја отсликува близината, уникатноста и човечкиот пристап кои доаѓаат во форма на услуги преку новото дигитално решение. Новата мобилна апликација има за цел да ја промени перцепцијата дека банкарските процеси се бавни и достапни исклучиво на традиционален начин. Со ПроКредит и нивната визија, дигиталното банкарство е сè подостапно, а показател за тоа е новото решение во облик на мобилна апликација. Апликацијата е дизајнирана да ги сруши ограничувањата на традиционалното банкарство, нудејќи им на корисниците слобода да ги управуваат своите финансии брзо, сигурно и во секое време преку лесен и едноставен пристап до услугите на банката.

    Стевче Кузмановски, член на Управен одбор во ПроКредит Банка

    „Низ годините научивме една едноставна работа – клиентите не сакаат компликации, туку услуги што се лесни и достапни. Тие не сакаат да чекаат и да се прилагодуваат на банката, туку банката да се прилагоди на нивниот живот – да имаат повеќе време за живот, а помалку време за во банка.

    Водени од потребите на клиентите и нашата визија, дојдовме до новата мобилна апликација како одговор на реални ситуации, кога немате време и сакате работите да ги завршите веднаш, таму каде што сте. Денеска, сметка се отвора без филијала, картичка се добива веднаш, а трансферите се реализираат во секундa.

    Суштината не е само во функционалностите, туку во слободата што ја добива клиентот – да управува со своите финансии кога сака и каде што се наоѓа. Затоа со оваа апликација го означуваме стартот на уште полесниот пристап до банкарските услуги преку кампањата „Таму кај што си“. – изјави Стевче Кузмановски, член на Управниот одбор во ПроКредит Банка.

    Пред медиумите беа претставени клучните функционалности на апликацијата, дизајнирани за секојдневна употреба. Меѓу нив се брза и безбедна најава (со PIN, FaceID или отпечаток од прст), веднаш достапна картичка и брзи трансфери со Send to Friend. Апликацијата овозможува и едноставно управување со заштеди и валути, како и сигурна контрола на профилот и картичките директно преку мобилен телефон.

    Марина Ѓурѓовска Аџиовска, Директор на сектор за физички лица во ПроКредит Банка

    „Кога ја развивавме апликацијата, имавме една јасна цел – клиентот да не размислува како да ја користи, туку едноставно да си ја заврши работата. Затоа се фокусиравме на помалку чекори, јасен преглед и чувство дека сè што ви треба е на едно место.

    Денес, со една апликација можете да ги следите сите ваши сметки, да управувате со картички, да правите плаќања или да отворите штедење – без одење во банка и без дополнителни апликации. Сè е поставено логично, за да функционира брзо и без непотребни компликации. За нас, доброто дигитално решение е она што ви заштедува време и ви дава сигурност дека можете да ги завршите работите кога вам ви одговара, без прекини во вашето секојдневие.“ – изјави Марина Ѓурѓовска Аџиовска, директор на секторот за физички лица во ПроКредит Банка.

    Хибридниот модел на ПроКредит Банка покажува дека дигиталните решенија и човечкиот пристап можат беспрекорно да се надополнуваат. Кампањата „Таму кај што си“ продолжува во неколку фази – со едукативни содржини, соработки со креатори и понуди прилагодени на клиентите, со цел иновациите да се доближат до пошироката јавност.

    Линк: Нова мобилна апликација на ПроКредит Банка – Таму кај што си

    За повеќе информации и за преземање на новата апликација, посетете ја официјалната веб-страница на ПроКредит Банка, а за сите новитети следете ги профилите на банката на Facebook, Instagram и LinkedIn.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично