Опуштено планирај го следното купување кое одамна си го посакувал!
Без разлика дали ти треба нова софа, кујна, голем телевизор или спална – со S Plus потрошувачкиот кредит од Шпаркасе Банка можеш да оствариш сé што си планирал.
Основни карактеристики на S Plus потрошувачки кредит:
Фиксна каматна стапка за првите две години почнувајќи од 5,25 %
Максимален износ до 1 500 000 МКД
Обезбедување – БЕЗ ЖИРАНТИ
Каматна стапки – променлива (врзана за к.с. на БЗ) по истекот на фиксниот период почнувајќи од 7,55%
Обезбедување за кредитот
До 300 000 МКД – без жиранти, со административна забрана од платата на корисникот на кредитот.
Од 300 001 МКД до 610 000 МКД – 1 (еден) кредитоспособен жирант или солемнизација на Договорот за кредит на Нотар и административна забрана од платата на корисникот на кредит.
Над 610 000 МКД – безбедувањето е во форма на кредитоспособен жирант со административна забрана од платата на жирантот или Меница уредена во форма на Нотарски Акт и административна забрана од платата на корисникот на кредит.
Дополнително задолжително обезбедување независно од износот од кредитот е полиса за животно осигурување со месечна отплата на премијата на кредитокорисникот купена преку Банката и винкулирана во корист на Банката за време на отплата на потрошувачкиот кредит. Полисата која служи за обезбедување на кредитот се купува преку Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје која врши застапување во осигурување за ВИНЕР ЛАЈФ- Виена Иншуренс Груп АД Скопје.
*За солемнизација на договорот на нотар потребно е брачниот другар или близок роднина (брат, сестра, родител) да се јави како солидарен должник во договорот за кредит.
Трошоци
Административен трошок – 1000 денари еднократен трошок за аплицирање за потрошувачки кредит
Провизија за одобрување – 1000 денари еднократен трошок за одобрување на потрошувачки кредит
Повеќе инфо на https://bit.ly/2D5I5FJ