Портпаролот на Кремлин, Дмитриј Песков предупредува на ризикот од исклучување на Русија од западните платни системи, со оглед на непријателски став многу кон Москва.
„Можеме да кажеме едно со сигурност – во една или друга форма, ограничувањата против Русија ги користат бројни земји со цел нелегално, од гледна точка на меѓународното право, да ја контролираат Русија“, рече Песков на денешната прес-конференција, пренесува Агенција Тас.
Тој додаде дека овие ограничувања се манифестираат во различни форми и дека тоа е прилично непредвидлив процес.
„Затоа, во рамките на тој процес, земајќи го предвид ваквото негативно, а понекогаш дури и непријателско однесување кон нас, ништо не може да се исклучи“, рече Песков.