ПОВЕЌЕ

    Постигнат е договорот за компензација поради блокадата на Суецкиот канал

    Време зa читање: 2 минути

    Сопствениците и агенциите кај кои е осигуран гигантскиот товарен брод, кој во март годинава го блокираше Суецскиот канал и тоа скоро една недела, постигнаа принципиелен договор за решавање на спорот со Управата на каналот околу обесштетувањето за блокадата. – изјавија претставниците на обете страни, без да наведат какво е решението.

    Централното прашање на спорот беше висината на надоместокот што го бара управата на каналот Суец, поради шестдневната блокада на преминот во кој бродот го блокирал каналот и се насукал.

    Сумата ќе ја опфати акцијата за деблокирање на каналот, односно придвижување на бродот „Ever Given“ и трошоците настанати како резултат на прекинот на сообраќајот во каналот, во кој се вклучени транзитни такси што ќе го дополнат државниот буџет на Египет.

    Службата на каналот Суец првично бараше 916 милиони долари отштета, а подоцна го ублажи побарувањето на 550 милиони долари.

    Судот во Каиро во неделата го одложи почетокот на постапката поведена по повод блокадата на Суецкиот канал до 4 јули, бидејќи правниот тим на Управата на каналот Суец изјави дека ја разгледуваат понудата од сопственикот на бродот.

    Осомничениот виновник за блокадата, 400-метарскиот брод „Евер Гивен“ со панамско знаме, кој превезува контејнери меѓу Азија и Европа, е во притвор од март, според одлуката на египетските власти, каде ќе остане додека не се реши спорот за обесштетувањето.

    Шестдневната блокада на каналот ја наруши глобалната испорака на стоки. Стотици бродови беа закочени додека не се деблокираше Каналот, а некои бродови беа принудени да патуваат на многу подолго растојание низ цела Африка, што ги принуди да плаќаат дополнително за гориво и да направат други трошоци.

    Околу десет проценти од светската трговија со стоки минува низ Суецкиот канал.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично