Азиските берзи во четврток пораснаа, после два дена пад, додека цените на нафтата паѓаа трет ден по ред.
Индексот на акции во Азија и Пацифик MSCI, со исклучок на јапонскиот, се зголеми за 0,4 проценти околу 7:00 часот, неутрализирајќи дел од вчерашната загуба од 0,9 проценти.
На берзата во Токио, индексот Никеи скокна за повеќе од 1,5 процент, додека цените на акциите во Сингапур, Австралија, Хонг Конг и Јужна Кореја пораснаа помеѓу 0,1 и 0,6 проценти. Во Шангај, пак, тие малку паднаа.
Азиските инвеститори беа охрабрени од вчерашниот пораст на индексите на акции на Волстрит, по дводневниот пад. Ова во голема мера се должи на подобро-од-очекуваните квартални деловни резултати на американските компании.
Сега, аналитичарите во анкетата на Ројтерс проценуваат дека заработката на компаниите во индексот S&P 500 пораснала за 31 процент во изминатиот квартал во споредба со истиот период минатата година, додека пред две недели тие очекуваа раст од околу 25 проценти.