Континуирано се зголемуваат цените на угостителските услуги. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека индексот на цените на угостителските услуги во октомври 2024 година, во споредба со септември 2024 година, е зголемен за 1,1 %. Индексот на цените на угостителските услуги во октомври 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6,1 %. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – октомври 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5,6 %, додека во однос на декември 2023 година, е зголемен за 3.0 %.
Колку за споредба, индексот на цените на угостителските услуги во октомври 2023 година, во однос на истиот месец од 2022 година, е зголемен за 6,1%. Додека, пак, цените на угостителските услуги во октомври 2022 година, во однос на истиот месец од 2021 година се зголемени за 17,5%.