ПОВЕЌЕ

    ПОСКАПУВААТ КРЕДИТИТЕ?-НБРМ ја зголеми основната камата

    Време зa читање: 2 минути

    Народната банка како превентивен одговор на се повисоките инфлациски очекувања ја зголеми основната камата за 0,25 п.п. Тоа значи дека основната камата од 1,25 сега се зголемува на 1,5 проценти. Основната камата служи како ориентација на банките при формирање на каматите на кредитите. Ќе значи ли тоа дека поскапувањето на основната камата ќе ги поскапи и кредитите? Одлуката дали ќе ги зголемат каматите на кредитите ќе зависи од самите банки.

    Од Народната банка објаснуваат дека при носење на одлуката за затегнувањето на монетарната политика во центарот се инфлациските движења.

    ,,На седницата на Комитетот беше одлучено да се зголеми каматната стапка на благајничките записи за 0,25 п.п., пред сѐ како превентивен одговор на сѐ повисоките инфлациски очекувања, во услови на задржани оцени за отсуство на поизразени притисоци од домашната побарувачка и надолни ризици за неа во следниот период. При донесувањето на ваквата одлука, во центарот на вниманието беа најновите движења кај инфлацијата и инфлациските очекувањаИнаку, износот на понудата на благајнички записи на денешната аукција е непроменет, односно 10 милијарди денари. Најновите податоци покажуваат дека инфлацијата и натаму забрзува и во март 2022 година достигна годишна стапка од 8,8%”, велат од НБРМ во денешното соопштение.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично