Состојбата на средствата врз основа на портфолио-инвестиции (вложувања на резиденти во странски хартии од вредност) на крајот од 2020 година изнесува 470,9 милиони евра, од кои 435,8 милиони евра се вложувања во сопственички, додека 35,1 милион евра во должнички хартии од вредност.Од аспект на оригиналната валута на вложување, најголем дел од портфолио-инвестициите се направени во САД долари и во евра (од 345 и 113,1 милион евра, соодветно).
Анализирано од аспект на секторот на домашниот инвеститор, осигурителните друштва и пензиските фондови имаат доминантно учество, чијашто состојба на портфолио-инвестиции изнесува 399,6 милиони евра, што претставува 84,9% од вкупните портфолио-инвестиции, на крајот од 2020 година.
Според секторот на нерезидентниот издавач, доминантно учество имаат вложувањата во хартии од вредност издадени од останатите финансиски институции (освен пензиски фондови и осигурителни друштва и фондови на пазар на пари) и нефинансиските друштва (од 331,6 и 81,2 милиони евра, соодветно).
Портфолио-инвестициите ги опфаќаат вложувањата во странски сопственички капитал/сопственички хартии од вредност и акции/удели во инвестициски фондови каде што инвеститорот (резидент) поседува помалку од 10% од акционерскиот капитал, како и вложувањата во странски должнички хартии од вредност.
Аналитика








