Компанијата која настојува да биде третиот мобилен оператор во државава, Оне Македонија телекомуникации на унгарски Фор-ај-џи (4iG), како единствен понудувач на тендерот, доби барано продолжување на рокот Агенцијата за електронски комуникации АЕК, со која се продолжуваат роковите предвидени во тендерската документација за доделување на одобренија за користење радиофреквенции од опсезите 700 MHz, 1800 MHz и 3.x GHz.
Причина за барањето, како што беше наведено, е одржувањето на локалните избори од 09.08.2025 до 12.11.2025 кои го прекинале процесот. Поради оваа состојба, сите применливи рокови од тендерската документација се продолжуваат за 96 дена поради прекин на постапката заради локалните избори.
Согласно одлуката на АЕК, сега краен рок за донесување одлука за избор на најповолен понудувач е 12 јануари следната година. Краен рок за доделување одобрение за користење радиофреквенции ќе биде 25.02.2026.
По отворањето на понудите за тендерот на 22 август годинава, Комисијата за спроведување на Јавниот тендер со јавно наддавање констатираше дека сите документи ги исполнуваат условите пропишани во тендерската документација и се согласно закон, но поради распишувањето на локалните избори што се одржаа во октомври, конечната одлука за избор на најповолниот понудувач беше одложена за по изборите.
Во поднесеното Барање за продолжување на роковите поднесено од Оне Македонија Телекомуникации ДООЕЛ Скопје 0201-1103/31 од 20.11.2025, се повикуваат на прекин на постапката заради изборниот процес и тоа во вкупен период од 96 дена (од 09.08.2025 до 12.11.2025 година), и врз основа на член 44 став 3 од Законот за општата управна постапка (Службен весник бр. 124/15 и 65/18) каде е предвидено дека „рокот што го определил овластеното службено лице, како и рокот определен со прописите за кои е предвидена можност за продолжување, може да се продолжи по молба од заинтересираното лице поднесена пред истекот на рокот, ако постојат оправдани причини за продолжување”, бараат да се продолжат сите рокови за 96 дена, велат од АЕК и дополнуваат дека согласно ЗЕК, и согласно одлуката за завршување на изборите од 12 ноември годинава роковите предвидени во тендерската документација продолжуваат да течат.
Одлуката на АЕК предвидува неколку обврски за операторот: До крајот на март 2027 година, најмалку еден град да биде покриен со 5G сигнал, до крајот на март 2029 година, главните транспортни коридори да бидат покриени со непрекинат 5G сигнал, до крајот на март 2031 година, сите градови во државата да бидат покриени со непрекинат 5G сигнал. Исто така, обврска на третиот мобилен оператор е до крајот на март 2033 година, сите населени места во државата да бидат покриени со непрекинат 5G сигнал.
Аналитика








