Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, изнесува 158.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 57.1 %, Капитални производи за 116.0 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 54.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.4 %.
По ставки најголем пораст во индексот на промет на индустријата во мај 2021 во однос на мај 2020 година има кај поправка на машини и инсталација од 190,9 проценти, а втори се производство на машини со раст од 155,7%.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во мај 2021 година, во однос на април 2021 година, изнесува 101.9, додека во периодот јануари – мај 2021 година, во однос на периодот јануари – мај 2020 година, изнесува 128.1.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, изнесува 109.5.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7.6 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 40.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9.7 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 1.4 %. Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во мај 2021 година, во однос на април 2021 година, изнесува 95.5, додека во периодот јануари – мај 2021 година, во однос на периодот јануари – мај 2020 година, изнесува 103.8.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, изнесува 177.2. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во мај 2021 година, во однос на
мај 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 81.1 %, Капитални производи за 121.5 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 50.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.4 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во мај 2021 година, во однос на април 2021 година, изнесува 103.9, додека во периодот јануари – мај 2021 година, во однос на периодот јануари – мај 2020 година,
изнесува 135.0.