ПОВЕЌЕ

    „104% (125%) ЦАРИНА ЗА КИНА – почеток на економска војна?“ – Поповски за „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Администрацијата на Доналд Трамп воведе рекордни 104% царини кон Кина, највисоки во модерната историја. Светската економија почнува да се редефинира, берзите паѓаат, а неизвесноста расте. Никола Поповски, поранешен министер за финансии, објаснува како ова ќе влијае на глобалната економија во „Каде се парите? Со Горан Теменугов“ – гледајте го целиот разговор.“

    „Во нормала сигурно не се враќаме и не е нормална ситуацијава. Дали е лудило – може би е зборот претежок за да го употребам, но во секој случај е една апстрактна, да речеме ненормална ситуација која е предизвикана од активностите на американската администрација или на американската држава… Тој два пати повтори дека јас ги добив изборите, кажувајќи дека ќе го направам ова. Не може да кажеме дека е лудило што сега ги зафати, Американците практично го избраа ова во изборната кампања. Дали беа свесни што избираат и за суровоста на, жестокоста на тоа што они го гласаат, тоа е прашање за нивните гласачи. Трамп воопште не се однесува различно од тоа што тој го вети. Тој тоа го вети. “

    Со поранешниот министер за финансии, Никола Поповски, разговараме за воведувањето на царините од страна на Трамп кон Кина, кон ЕУ и како сето тоа ќе се одрази на Македонија.

    Следете ја најновата епизода на поткастот „Каде се парите?“. За да не најдете, отидете на YouTube, во пребарување, на кирилица напишете „пари“ и ние ќе ви се појавиме. Пожелно е да стиснете „Subscribe“, бидејќи тоа многу ни значи. Гледајте нѐ.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично