ПОВЕЌЕ

    Австријците по грешка добија парични чекови од Америка

    Време зa читање: 2 минути

    1.200 долари парична помош, која американската влада ја намени за граѓаните со пониски приходи за време на корона кризата, по грешка стигна на адресите на околу 130 австријци.

    Според државната телевизија ОРФ, најмалку 108 чекови на американското Министерство за финансии со потпис на претседателот Доналд Трамп се веќе уновчени во австриските банки.

    Манфред Барнрајтер, 73-годишен пензионер од Австрија, е еден од оние кои добиле парична помош од Америка.

    Барнрајтер рекол дека и неговата сопруга добила чек, иако тие немаат престојувалиште во Америка, ниту државјанство на таа земја.

    Отидовме во банката каде ни рекоа дека ќе проверат дали навистина е така. „Три дена подоцна, парите беа на нашата сметка“, рече Барнрајтер, кој првично се сомневал дека е жртва на измама, пренесува „Sputnjik“.

    Тој признава дека првично се чувствувал лошо што ги зел парите, но подоцна дошол до заклучок дека тоа не е ништо во споредба со износот кој се троши за лобирање во САД, пренесува RT.

    Барнрајтер изјави дека во моментов нема никаква врска со Соединетите држави, но забележува дека работел таму неколку години и дека тоа може да биде причината што добил американска помош.

    Сепак, неговата сопруга никогаш не стапнала во Америка, додаде тој.

    Пол Кајзер од банката во Линц наведува дека најверојатно станува збор за административна грешка, укажувајќи на претходен пропуст кога од Америка пристигнале повеќе од милион чекови до адреси на починати, пренесува порталот „Politiko“.

    Очигледно, Австријците не се единствените кои по грешка добиле чекови од Америка.

    Минатиот месец, неколку илјади луѓе кои престојувале во САД врз основа на привремена работна виза, исто така, добиле чекови. Многумина од нив ги уновчиле во своите земји, вклучувајќи ги Бразил, Индија, Кина, Канада, Нигерија и Јужна Кореја.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично