Јавниот долг на Србија на крајот на јуни годинава изнесува околу 38,18 милијарди евра, што е 50 отсто од бруто домашниот производ (БДП), соопшти денеска Министерството за финансии на Република Србија. За споредба, на крајот на 2023 година јавниот долг на Србија изнесувал 36,15 милијарди евра или 52 отсто од БДП.
На крајот на мај јавниот долг изнесувал 36,35 милијарди евра или 47,6 отсто од БДП, според српското министерство за финансии.