ПОВЕЌЕ

    Поларизацијата на глобалната сцена директно влијае на безбедноста на Западен Балкан порачаа експертите на втората регионална конференција СМАРТ Балкан

    Време зa читање: 4 минути

    Скоро 30 милиони норвешки круни доделени за регионални и оперативни грантови за граѓанските организации од Западен Балкан

    Целокупната поларизација на глобалната сцена директно влијае на безбедносната динамика на Западен Балкан. Загрижувачкиот пораст на родово-базирано насилство и фемициди, политичката пропаганда и политичкиот екстремизам во земјите од Западен Балкан како закани по мирот и стабилноста на земјите, бараат итна реакција од институциите и останатите засегнати страни. И токму во ваков поларизиран свет, граѓанските организации играат клучна улога во дејствувањето против ширењето на радикализацијата, нудејќи алтернативни наративи и платформи за дијалог кои се спротивставуваат на идеологиите кои нудат придружни конфликти.

    Мирот и стабилноста се клучни фактори за економскиот и социјален просперитет на регионот на Западен Балкан. Од друга страна пак, регионот се соочува со пораст на партиска пропаганда, политички екстремизам и национализам како закани за мирот, просперитетот и демократијата. СМАРТ Балкан проектот преку вмрежување на организациите од регионот и имплементација на заеднички регионални проекти, работи на креирање решенија за оваа проблематика.

    Испитување на влијанието на политичкиот екстремизам врз регионалната стабилност и потенцијалните последици за економскиот развој, анализирање на улогата на етно-национализмот како дестабилизирачка сила, неговото влијание врз односите меѓу заедниците и неговите импликации врз мирот и просперитетот, разбирање на предизвиците што ги поставуваат мрежите на организиран криминал, како и загрижувачкиот пораст на родово-базирано насилство и фемициди на Балканот се дел од прашањата на кои разговараа десетици панелисти експерти и над 80 претставници на граѓанскиот сектор од земјите во Западен Балкан.

    Западниот Балкан е сведок на загрижувачки пораст на фемициди, како одраз на сложена интеракција на социо-економски, културни и политички фактори. Фемицидот, убивање на жени и девојчиња поради нивниот род, стана актуелно прашање, привлекувајќи внимание за потребата од сеопфатни мерки за справување и спречување на родово-базираното насилство во овие земји, согласно Истанбулската конвенција.

    Секоја година во Балканскиот регион се повеќе луѓе се убиени како последица на насилство и семејно насилство, иако тие пријавиле во институциите, но не добиле соодветна реакција од страна на надлежните институции. „Елиминирање на насилството врз жените и девојчињата“ не е само прашање на човекови права, туку клучна компонента за градење на општество кое напредува во полињата еднаквост, правда и принципи на мир и просперитет, вели директорката на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), Марија Ристеска.

    Мирен и безбеден Балкан е можен само ако имаме интегриран Балкан. Многупати се покажало дека интегративните процеси за нас се и процеси на помирување внатре во секоја од нашите земји, но и помеѓу нас, порача министерката за одбрана Славјанка Петровска обраќајќи се на регионалната конференција „Мир и просперитет на Западниот Балкан“.

    СМАРТ Балкан проектот на регионалната конференција „Мир и просперитет во Западен Балкан: Што му се заканува на регионот и како да се искористат можностите” додели 11 регионални грантови во вкупна вредност од 18.542.365 норвешки круни и дополнителни 11.228.098 норвешки круни за оперативни грантови за 22 граѓански организации од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово. Речиси 17 милиони евра е вкупната вредност на грант програмата за граѓански организации од Македонија и регионот, а со цел зајакнување на граѓанските организации и мрежи во регионот и нивно поактивно учество при градењето на мирно и инклузивно општество.

    СМАРТ Балкан проектот се спроведува во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, во партнерство помеѓу Центарот за промоција на граѓанското општество  од Босна и Херцеговина, Центарот за истражување и креирање политики од Северна Македонија и Институтот за демократија и медијација од Албанија, финансиски поддржан од страна на Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично