Цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизелот, ќе се намалат за половина денар во однос на претходните цени.
Ова значи дека од денеска моторниот бензин Еуросупер БС-95 ќе се продава по 71 денар, Еуросупер БС-98 ќе чини 73,50 денари по литар гориво, додека пак Еуродизелот ќе се точи за 62 денари по литар.
Од РКЕ истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат намалување и тоа кај бензинот за 2,1 проценти, а кај дизелот за 1,7 проценти.