
За 3,64 отсто ќе биде помал надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем Електродистрибуција. За 2,67 отсто ќе е понизок и надоместот за користење на преносниот систем МЕПСО. Корекции од 3,4 отсто ќе има кај цената на МЕМО. Одлуката за намалувањата ја донесе Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, а проимената ќе стартува од првиот ден на идната година.
„Со денешната одлука, сите елементи кои ја сочинуваат крајната цена се познати: цена и количина по која е набавена електричната енергија, услугите на мрежните оператори, затворени се и набавките за загуби. Сега останува универзалниот снабдувач – ЕВН Хоме, под наш надзор да направи пресметка и да се објават финалните цени по блокови. Делот што РКЕ го регулира во крајната цена има влијание од околу 36 проценти“, изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.
Инаку, во крајната цена што ја исчекуваат домаќинствата овие надомести зафаќаат околу 33 отсто – за користење на електродистрибутивниот систем и 4 отсто на преносниот систем. Цената на МЕМО има удел од 0,19 проценти..
Аналитика








