ПОВЕЌЕ

    Поднесени само 1.706 пријави ДДВ-04 – рокот истекува УЈП повикува да не се чека до среда

    Време зa читање: < 1 минутa

    Даночните обврзници и сметководителите да не го чекаат 25 септември за да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за последниот оданочив период, апелираат од Управата за јавни приходи. Законскиот рок за исполнување на оваа обврска истекува во среда на полноќ.

    „Апелираме, навреме да се поднесат ДДВ – 04 пријавите со цел да се избегне непотребен стрес и дополнително чекање на обработка на пријавите доколку ги испратите последниот ден“, порачуваат од УЈП.

    Како што информираат од Управата, во моментов системот работи непречено. До денес се поднесени 1.706 вакви пријави, а се очекуваат 7.405. Тоа е само 23,4 отстоод вкупно очекуваните ДДВ – 04 пријави за овој оданочив период. Обврска да поднесат ДДВ-04 пријава имаат сите даночни обврзници, вклучително и оние кои во соодветниот период немале извршен оданочив промет.

    Процесот на поднесување на пријавите е под постојан мониторинг, а сите заинтересирани можат редовно да го следат трендот на статистиките за поднесените ДДВ-04 пријави по региони на веб-страницата на УЈП.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично