Во четврток, 26. октомври, во хотелот „Александар палас“ во Скопје ќе се одржи деветтото издание на FMCG Summit Skopje, на кој ќе учествуваат голем број домашни и странски компании од секторот трговија со стока за широка потрошувачка во земјава.
9. FMCG Summit Skopje ќе понуди домашни, регионални и глобални успешни практики и искуства, а вкупно 14 говорници од земјава и регионот ќе ги споделат искуствата од најиновативните бизниси, а воедно и ќе ги презентираат најновите трендови во FMCG индустријата.
Еден од говорниците на 9. FMCG Summit Skopje ќе биде и Огнен Костовски – Лидер на тимот за дистрибуција во компанијата Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп. Костовски ќе ги претстави иновациите што на македонскиот пазар ги донесе лидерот во тутунската индустрија Филип Морис Интернешнал, кој ја прифати промената и комплетно го пренасочи својот фокус кон нов и помодерен бизнис модел. Компанијата не само што се адаптираше на промените и новите трендови, туку и поставува нови стандарди во својата индустрија и работење. Посебен акцент ќе биде ставен на дигитализацијата и посебно онлајн продажбата, како и воведувањето на платформата за е-нарачки на ФМТКП, во соработка со нивниот дистрибутер и целосната дигитална комуникација во процесот на малопродажба.
Огнен Костовски ја почна кариерата во ФМТКП во 2016 година, како соработник за распоредување на брендот и координатор за производство. Неговата експертиза е во управувањето и развојот на дистрибуцијата, деловните односи и планирањето. Фокусот на Огнен резултира со успешна транзиција од претходниот модел на дистрибуција кон новиот, најсовремен пристап до пазарот (route-to-market), обележан со целосна дигитализација на процесот на нарачување и дистрибуција преку имплементација на платформата за е-нарачки.
FMCG самитот е ексклузивно случување во секторот трговија со стока за широка потрошувачка и централно место кое ги поврзува трговците, произведувачите и дистрибутерите. Пред присутните на самитот, своите драгоцени искуства и знаења ќе ги споделат 15 говорници, а се очекуваат околу 400 гости.
Комерцијален текст