ПОВЕЌЕ

    Поддршка од 1,2 милиони евра за локалниот потенцијал: Јавен повик за зголемување на регионалната конкурентност

    Време зa читање: 2 минути

    Министерството за локална самоуправа објави Јавен повик за финансирање на предлог-проекти насочени кон намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година, по одделни мерки и активности за поттикнување рамномерен регионален развој.

    Целта на повикот е доделување средства на проекти кои ќе придонесат кон намалување на разликите во степенот на развиеност меѓу регионите, јакнење на регионалната конкурентност и поттикнување на локалниот развој преку искористување на сопствените потенцијали.

    Како приоритетни за 2026 година се утврдени следните активности и мерки:

    развој на современа и модерна инфраструктура во планските региони; препознавање и искористување на конкурентските предности на планските региони; подобрување на енергетската ефикасност на јавните објекти и користење обновливи извори на енергија.

    Вкупниот износ на средства предвидени за финансирање на проекти изнесува 74.840.000 денари. Овие средства се предвидени во Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година.

    Право на поднесување предлог-проекти имаат: центрите за развој на планските региони, општините, општините во градот Скопје, Градот Скопје, јавните претпријатија и јавните установи основани од државата, од општините, од општините во градот Скопје и од Градот Скопје, високообразовните и научни институции и здруженијата.

    Рок за поднесување апликации е во текот на 2026 година, односно до искористување на расположливите средства.

    Повикот со условите и критериумите е достапен на веб-страницата на Министерството за локална самоуправа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично