Во моментов податоците се ажурираат, Ве молиме посетете не подоцна!
Така гласи пораката од интернет страницата kupuvamdomasno.gov.mk која ја добиваат граѓаните кои сакаат да проверат дали се наоѓаат на листата за добивање на финансиска помош од 6000 денари, што следи согласно четвртиот пакет мерки за справување со последиците од Ковид 19.
Сепак, граѓаните ќе мора да се стрпат најрано до утре, со надеж дека листата ќе биде достапна и ќе може навремено да проверат дали се дел од неа, доколку ги исполнуваат условите а ги нема, веднаш да реагираат.