ПОВЕЌЕ

    Подарокот од акции на РЖ Економика најголем, од Реплек највреден

    Време зa читање: 2 минути

    Акции од 13 компании се забележани во минатонеделните нетрговски трансфери. Подарени или наследени се 4.795 хартии од вредност. Сите акции се обични.

    Најбројни се акциите на РЖ Економика АД Скопје. Во средата биле процесуирани 1.234, а во четвртокот 25 акции. Вкупно 1.259, со поединечна просечна цена од 51 денар за акција.

    Во статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност се заведени уште два преноси реализирани во два наврати. На РЖ Техничка контрола – прво 8, па 10 обични акции и на Уготур АД Скопје – 21 и 28 обични акции.

    Со знакот на Реплек АД Скопје се 965 обични акции. Вредноста на овој подарок е од над 254 илјади евра. Просечната цена за акција е 16.200 денари, произлезена од последното берзанско тргување реализирано во петокот.

    Либерти често се појавува во нетрговските трансфери, а минатата седмица е застапен со 853 обични акции. На берзата со нив последно се тргувало во октомври, а просекот за акција е 10 денари.

    Трансферирани се и 589 обични акции на Макстил, чијашто просечна цена е 131 денар.

    Иако друштвото е долгорочно суспендирано од котација и не е во функција, акциите на АрцелорМиттал (ХРМ) АД Скопје се редовни во трансферите. Во четвртокот се евидентирани 512 акции.

    Пренос на сопственоста е направен и кај 217 акции на РЖ Услуги. Со овие акции, според берзанските податоци, во изминатите 52 недели имало 34 тргувања, а просекот е 45 денари за акција.

    Нетрговски се процесуирани и 113 акции на ВВ Тиквеш АД Кавадарци. Просечната вредност за акција е 8.015 денари.

    Банкарски акции се подарувале во вторникот. Регистрирани се 84 хартии од вредност на  Комерцијална банка и 50 на НЛБ банка. Овие акции се во петте најтргувани на Македонска берза.

    Во неделната статистика на ЦДХВ се и 60 акции на Раде Кончар-Апаратна техника и 26 на РЖ Интер-Трансшпед.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично