Куба поднесе официјално барање да биде вклучена во БРИКС како земја-партнер во порака до рускиот претседател Владимир Путин, соопшти претставник на кубанското Министерство за надворешни работи, Карлос Переира.
„Куба поднесе официјално барање да се приклучи на БРИКС како земја-партнер.
БРИКС ја консолидира својата позиција како клучен играч во глобалната политика, како симбол на надеж за земјите од глобалниот југ“, напиша Переира на социјалните мрежи.
Во понеделникот, рускиот амбасадор во Куба Виктор Коронели во интервју за ТАСС потврди дека Куба официјално аплицирала за партнерски статус во БРИКС. Тој, исто така, потврди дека лидерот на Куба Мигел Дијаз-Канел има покана да учествува на BRICS Plus/Outreach, проширен состанок на групата на претстојниот самит во Казан.
Во моментов, 10 земји се членки на асоцијацијата: Бразил, Кина, Египет, Индија, Иран, Кина, ОАЕ, Русија, Саудиска Арабија, Етиопија и Јужна Африка. Во септември, Турција формално ја изрази својата подготвеност да се приклучи на групата БРИКС+. Процесот се уште е во тек, а апликацијата за членство ќе биде разгледана на следниот самит на БРИКС+ во Казан во октомври. Доколку стане полноправна членка на БРИКС, Турција ќе биде првата земја-членка на НАТО пактот во состав на оваа организација, што може да ги комплицира нејзините односи со сојузниците.
Главниот настан за време на руското претседателство со БРИКС ќе биде самитот на БРИКС што ќе се одржи во Казан од 22 до 24 октомври. Лидерите на земјите од БРИКС+, вклучително и Венецуела, се поканети да присуствуваат.