ПОВЕЌЕ

    По тешката криза, Венецуела со економски раст од 17,04 отсто во првиот квартал од годинава

    Време зa читање: 2 минути

    Економијата на Венецуела забележа годишен раст од 17,04 отсто во првиот квартал од 2022 година, изјави гувернерот на централната банка на земјата. „Ова е највисок раст во јужноамериканскиот регион“, изјави гувернерот на венецуелската централна банка, Калисто Ортега, објавувајќи податоци поврзани со економскиот раст на оваа земја, кои не се објавени од првиот квартал на 2019 година, пишува Ројтерс. а пренесува порталот Бизнис.

    Ортега изјави дека централната банка направила проценка за економскиот раст во вториот квартал, но тој не ги сподели податоците. Наведе дека приватниот сектор во тој период имал раст од 18,7 отсто. Гувернерот на централната банка додаде дека економијата на Венецуела пораснала за 19,07 отсто во четвртиот квартал од 2021 година во споредба со истиот период во 2020 година.

    Економијата на јужноамериканската земја е во длабока рецесија од 2014 година, цело време се бори со висока инфлација. Бруто домашниот производ на оваа земја, кој пред десет години изнесуваше 400 милијарди долари, сега е меѓу 50 и 60 милијарди долари, според проценките на аналитичарите и економските фирми.

    Соочена со помало производство на нафта и санкции наметнати од Соединетите Американски Држави, владата на претседателот Николас Мадуро престана да ги контролира економските параметри во 2019 година, што доведе до економски колапс. Оттогаш, доларизацијата го поттикна заживувањето на производствениот, услужниот и трговскиот сектор.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично