Отворените инвестициски фондови десеттиот месец од годинава го завршиле во позитива од 4,8 милиони евра. Толкава е нето разликата меѓу приливите и одливите по реализираните месечни активности, покажуваат податоците од октомврискиот извештај на Комисијата за харти од вредност.
Во текот на тој месец, во овие фондови инвеститорите вложиле 15,9 милиони евра. Вкупниот износ е понизок од септемврискиот, кога биле забележани 22,9 милиони евра. Што на месечна основа претставува намалување за 30,34 отсто.
Од другата страна, пак, се одливите, кои во октомври се зголемени за 65,42 проценти. Притоа, достигнат е износ од 32,2 милиони евра.
На последниот октомвриски ден нето вредноста на отворените инвестициски фондови изнесувала 12,4 милијарди денари. Или, 203 милиони евра. Во споредба со септември евидентиран е месечен раст од 1,84 проценти, наведено е во извештајот на Комисијата за хартии од вредност.