Нема гаранција дека производите кои до вчера имаа замрзнати цени, регулирани со владините мерки, нема да поскапат, посочи министерот за економија, Крешник Бектеши. Но, од компаниие добил ветување дека тоа нема да се случи. Во случај да се забележат неправилности, односно да се претера со цените, тогаш ќе се реагира.
„Ако одредена компанија, одреден сектор, вештачки ќе се обиде да ги зголеми цените, институциите ќе влезат во функција и тоа нема да биде дозволено. Имавме разговори, каде што тие кажале дека за одредени производи ќе има и намалување“, вели министерот. Не се планираат мерки, туку ќе се следи спроведувањето на законите.
„Не предвидуваме никакви мерки, само ќе важат сите одредби од законите за пазарна инспекција, УЈП и Финансиска полиција, но за заштита на потрошувачите. Инспекциите мора да ги вршат контролите согласно тоа што е донесено како одлука од страна на Владата“, укажува Бектеши.
По одмрзнувањето на цените: Бектеши добил ветување, но не и гаранции дека ќе нема поскапувања
