ПОВЕЌЕ

    По инаугурацијата на Бајден Европските берзи се во “зелено”

    Време зa читање: < 1 минутa

    Како што покажуваат податоците утрово, европските берзи реагираа позитивно на новиот американски претседател.

    Имено, завчера се одржа инаугурацијата на Џо Бајден, кој го наследи Доналд Трамп во Белата куќа.

    Европскиот индекс на водечки акции STOXX 600 се зголеми утрово за 0,7 проценти, од кои најмногу профитираа акциите на банките и автомобилските компании.

    За многумина, Бајден се чини дека е покооперативен од неговиот претходник, а доказ за тоа е и фактот што тој најави враќање на Парискиот договор, кој Трамп го напушти бидејќи веруваше дека Америка не треба да страда поради други загадувачи.

    Дури и европските претставници не го криеја оптимизмот за избор на нов претседател на САД. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен напиша на Твитер: „САД се вратија. Европа е подготвена за нив“. Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, исто така, изрази надеж за подобра соработка со американскиот сојузник. Колку беше оправдан нивниот и оптимизмот на берзата, ќе покаже времето.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично