За современите технолошки решенија и квалитетната понуда обезбедена за клиентите во областа на девизните пазари, Комерцијална банка е избрана за најдобра FX банка во Македонија. Високо признание што го добива по 15. пат и кое ја рангира меѓу водечките финансиски институции од 87 држави ширум светот.
Статусот „Најдобра FX банка“ го доделуваат аналитичари, извршни директори и технолошки експерти. Изборот го вршат врз основа на повеќе критериуми: големина на трансакции, пазарно учество, обем на глобална покриеност, услуга кон клиентите, конкурентни цени и користење иновативни технологии.
„Размената на странски валути сè повеќе се гледа како клучен стратешки бизнис и за банките и за корпоративните клиенти. Сепак, секторот и понатаму се наоѓа во период на зголемена волатилност, поттикната од геополитички тензии, променливи каматни стапки и притисок врз валутите засолништа“, изјави Џозеф Џиарапуто, основач и уреднички директор на Global Finance.
Наградите Best FX Banks на Global Finance ги заслужуваат и стекнуваат институциите кои не отстапуваат од лидерските позиции, потврдувајќи се и како иноватори во динамичната и конкурентна пазарна средина. Признанијата се доделуваат во чест на Гордон Плат, кој со години беше главниот носител на програмата за доделување награди за најуспешно работење во доменот на тргување со финансиски инструменти во голем број земји во светот.
Аналитика








