ПОВЕЌЕ

    ПО 106 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ, легендарниот Вартекс од Вараждин заминува во историја

    Време зa читање: 3 минути

    Некогаш една од најпознатите и најценети фабрики за текстил и текстилни производи во поранешна Југославија, фирмата Вартекс од Вараждин, и официјално заминува во стечај. До крајот на неделата предлогот за отворање стечај на Вартекс ќе биде доставен до стопанскиот суд кој ќе определи стечаен управник. Потоа има рок од 30 дена за да донесе одлука за евентуално продолжување на производството или затворање на компанијата.

    Се уште има минимални шанси Вартекс да продолжи со производство во намален обем. 549 работници имаат уште две плати осигурани од агенцијата за осигурување на работнички штети.

    Работничката Сњежана која е 39 години во Вартекс вели: Жално е што дојде до ова. Нејзината колешка Мирјана вели дека ќе го чека разврската на ситуацијата како што и ветиле: „Па ќе видиме како ќе продолжиме“.

    Претседателот на Управниот одбор на Вартекс, Карло Копрек изрази жалење. „Им е многу тешко, имаат многу прашања, загрижени се, затоа одлуката на менаџментот е да ја скрати агонијата и да тргне кон стечајна постапка, да ја спаси компанијата преку стечај и потоа некако да и олесни секого и да се надмине она што доаѓа, сепак верувам дека тоа што доаѓа, дека работниците можат, дека работниците ќе продолжат да работат, но во нешто намален обем“, рече Копрек.

    Инаку, Вартекс има посебна приказна која не е само за модата. Таму работеа работнички, без кои немаше да има текстилна индустрија. Од 1918 до 1946 година, Вартекс работи под името Текстилна индустрија д.д. Вараждин (Тивар), а од декември 1946 година работи под името Вартекс.

    Тивар е основан на 1 ноември 1918 година како акционерско друштво на чешки индустријалци и хрватски трговци. Од своето основање, Тивар брзо го усвоил производството на памучни и волнени ткаенини во 1922 година, додека производството на артикли за облека започнала во 1926 година. Малопродажната мрежа започнала во 1929 година.

    Кога почнав да работам во Вартекс во 1976 година, бевме 12.000 луѓе. Тоа беше толку голема компанија. Само што завршив војска и имав среќа што им требаше работник за продавницата затоа што кројачот отиде во пензија. Јас побарав и отидов во службата на кројачот. Останав цели 40 години, до пензија – вели Станко Петриниќ (63) од Вараждин, еден од вработените во Вартек кој во Вартекс го помина целиот работен век.

    Оваа компанија има долга традиција, а нејзините кроеви ги носеле многумина. Од баби и дедовци, родители до деца. Вартекс е првиот производител во Југославија кој добил право да ја користи меѓународната ознака за волната на нивните производи направени од чиста рунска волна, а произведуваа и оригинални фармерки од прочуената марка Levi’s по нивна лиценца, од 1983 до 2007 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично