ПОВЕЌЕ

    14.500 денари за плати за јуни од заем за локални патишта

    Време зa читање: < 1 минутa

    Заем наменет за локалните патишта ќе се пренамени за реализирање на мерката за помош на компаниите со исплата на 14.500 денари за платите на работниците за јуни.

    На последната седница Владата донесе измени на Уредбата со законска сила за примена на Законот за задолжување на државата со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта за време на вонредна состојба.

    -По претходна согласност од Светска банка, се овозможува преостанатите средства до 37 милиони евра од овој заем да се пренаменат за исплата на плати на работниците за месец јуни 2020 година, согласно мерката за финансиска поддршка за исплата на платите во висина од 14.500 денари, стои во соопштението од седницата на Владата.

    ОДОБРЕНИ КРЕДИТИ ЗА 117 КОМПАНИИ И ИСПЛАТЕНИ 1.6 МИЛИОНИ ЕВРА

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично