ПОВЕЌЕ

    Како и зошто треба да научите да планирате?

    Време зa читање: 3 минути

    Луѓето кои планираат веруваат дека, за да може човекот да биде ефективен и успешен, тој мора да испланира сè, додека оние за кои планирањето не е силна страна, прифаќаат работи како што тие доаѓаат, и реагираат во моментот.

    Ако сакате да бидете поефикасни во планирањето а не знаете како, следниве совети се за вас.

    1. Одредете што сакате

    Запишете што сакате. И долгорочни и краткорочни цели. Немојте да мислите дека списокот во вашата глава е доволен, таквите цели никогаш не се постигнуваат. Земето пенкало и хартија и напишете ги вашите желби.

    1. Поставете рокови 

    Ако само кажете дека сакате стан, тоа значи дека можете да го купите за педесет години. Затоа, треба да поставите рокови што ќе ги направат вашите желби достојни за внимание. Осигурете се дека роковите се реално остварливи. Нема шанси да купите стан за два месеци, така што при дефинирање на роковите, земете ги предвид вашите можности и способности.

    1. Цел за 10% поголемо достигнување од поставената цел, и 10% пократок рок

    Сите знаеме дека ниту една цел не е лесна за постигнување, но ако пробате со 110% од вашата сила ќе ги зголемите вашите шанси за постигнување на тие 100% цели. Затоа што обично е потребно повеќе напор и време од планираното.

    1. Започнете со тоа што го имате

    Кога нулата се множи со кој било број, таа сепак останува нула. Така ќе биде со вашата цел ако сакате да го постигнете тоа од ништо. Ако сте невработени, не можете да заштедите или да извадите пари за станбен заем. Вашата прва цел треба да биде да најдете работа, а потоа да размислувате за стан.

    1. Погледнете пошироко 

    Ова е можеби најтешко од сите. Кога планирате, секогаш гледајте како тие се вклопуваат во поголемата слика. Постои опасност ако се фокусирате само на целта што никогаш нема да ја постигнете. Треба да видите како тоа се вклопува во вашиот животен стил и можностите и околината во која планирате да го постигнете.

    1. Подгответе се за пречки

    Мудриот човек секогаш ќе смета на пречки, неуспеси и тешкотии во својот план. Ако целите се постгнуваа лесно, сите веќе би биле постигнати. Обидете се да предвидите што може да тргне наопаку и како ќе го надминете.

    1. Најдете ја најслабата точка на вашиот план 

    Секогаш мора да има најслаба точка во вашиот план. Тоа е нешто на што сметате, и не сте сигурни дали ќе успее.

    1. Престанете со планирање и започнете да дејствувате

    Изработете го вашиот план во чекори и започнете со првиот. Бидејќи се приближувате до целта, нормално е да го промените вашиот план на патот. Никогаш не е можно да се предвидат сите околности, па затоа често ревидирајте го планот и барајте точки каде можете да го подобрите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично