ПОВЕЌЕ

    ПИ Кристал 1923 АД Велес: Цените на суровините ги зголемуваат трошоците

    Време зa читање: < 1 минутa

    Велешки ПИ Кристал 1923 АД во текот на минатогодишното работење остварил добивка во износ од 454,4 илјади евра (27.999 илјади денари). Во 2021 добивката изнесувала 430 илјади евра (26.497 илјади денари).

    Вкупните приходи се во износ од 15,6 милиони евра или 964.266 илјада денари и во однос на претходната 2021 година бележат зголемување од 19 насто. Поголемиот дел од приходите е со потекло од домашниот пазар. Приходите, пак, од странскиот пазар се во пораст од 29 проценти.

    Кога станува збор за расходите, лани, а во однос на 2021 се зголемени за 20 насто, и се во износ од 15,1 милион евра (936.266 илјади денари).

    Согледувањата на велешката компанија се дека зголемувањето на расходите е поголемо за еден процент во однос на растот на приходите. Причината за тоа е порастот на набавните цени на суровините.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично