ПОВЕЌЕ

    „Pfizer“ ја купува „Arena Pharmaceuticals“ за 6,7 милијарди долари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Компанијата „Pfizer“ ќе ја купи американската фармацевтска компанија „Arena Pharmaceuticals“ во договор од 6,7 милијарди долари, објави „Reuters“.

    „Arena Pharmaceuticals“ развива лекови во областа на гастроентерологија, дерматологија и кардиологија.

    Еден од нејзините лекови за третман на улцеративен колитис е во доцните фази на истражување.

    „Pfizer“ ќе ги купи акциите на „Arena Pharmaceuticals“ по цена од 100 долари по акција, што е блиску до двојно од последната цена на затворање на „Nasdaq“ во петокот минатата недела.

    Според сегашните информации, целата сума ќе се плати во целост во готово.

    Финансиски советници на „Pfizer“ во договорот се „BofA Securities“ и „Centerview Partners LLC“, додека „Arena Pharmaceuticals“ ги користи услугите на „Guggenheim Securities LLC“ и „Evercore Group LLC“, пренесува „Reuters“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично