ПОВЕЌЕ

    Петрески во „Каде се парите?“: Буџетот има системска грешка која тешко ќе се отстрани

    Време зa читање: 2 минути

    Во поткастот „Каде се парите со Горан Теменугов?“ гостинката Благица Петрески од Фајнанс тинк се осврна и на големите буџетски дефицит и на структурата на самиот буџет. Според неа неиздржливо е со децении буџетот да има огромни дефицити без разлика дали економијата расте или опаѓа.

    Петрески потсети дека буџетските дефицити се оправдани кога на економијата ѝ оди лошо, а кога ѝ оди добро буџетската дупка треба да биде многу мала или со суфицит за да се има основа да се интервенира кога ќе дојдат тешки времиња.

    Меѓутоа ако го анализираме понатаму буџетскиот дефицит, ќе забележиме дека еден значаен дел од буџетскиот дефицит нам ни доаѓа од структурни компоненти. Тоа значи дека ние имаме структурни дисбаланси помеѓу приходите и расходите. Ако понатаму ги доанализираме какви ни биле расходите во текот на овие години и какви ни биле приходите, ако направиме чист просек само колкави биле приходите, колкави биле расходите, ние во континуитет имаме поголеми расходи од она што имаме потенцијал да собереме и цело време и цело време расходите се над потенцијалот на економијата. Тоа е тоа што загрижува во овој момент. Ако понатаму ги изанализираме каква ни е структурата на расходната страна на буџетот, ќе забележиме дека половина од вкупниот буџет се однесува на ставката на социјални бенефиции и плати кои скоро па и да имаат фиксна компонента, затоа што платите не зависат од циклус затоа што делот на социјалните бенефиции кои се автоматски стабилизатори, најголем дел доаѓаат на пензии. Ако на тоа ги додадеме и трансферите на единиците на локална самоуправа, ако ги додадеме субвенциите, просторот којшто е за развојна компонента нам постојано ни се намалува.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично