ПОВЕЌЕ

    Петар Ниновски, основачот на Бреинстер сподели важни искуства на конференцијата „Чувари на мудроста“

    Време зa читање: 3 минути

    Основачот на Бреинстер, Петар Ниновски и генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, водеа BACK 2 BACK дискусија во рамките на конференцијата „Чувари на мудроста“ организирана од „Халк банка“ АД Скопје. 

    Под мотото „Инспирација за новата генерација“, Ниновски и Мукаетов ја споделија својата мудрост пред младите што присуствуваа на настанот. Соговорниците зборуваа на тема „Успешна бизнис приказна – посветеност, дисциплина, интуиција“ повикувајќи се на своето долгогодишно искуство.


    На панелот се дискутираше и за предизвиците со коишто се среќаават во својата индустрија. Ниновски, на самиот почеток, сподели неколку принципи за успешна бизнис приказна: диференцирање од конкуренцијата, смелост и параноичност во свет којшто постојано се менува. Во обраќањето до младите, сподели дека успешноста на бизнисот лежи во способноста постојано да се делува и да се работи, наместо да се троши непотребно долго време на планирање. 

    Како основач на Бреинстер и Бреинстер Некст колеџот, Ниновски заедно со тимот го трансформира образованието во регионот. Студентите од академиите работат на реални проекти за партнер-компаниите на Бреинстер, учествуваат во хакатони коишто симулираат работна атмосфера и изработуваат концепт-решенија. Како лидери во регионот со вработени 2136+ алумни студенти, Бреинстер ги обучува своите студенти да бидат квалитетен ИТ-кадар. 

    На панелот, Ниновски ги советуваше младите дека не треба „да се штедат“ и да бидат истрајни во првите 15 години од својата кариера. Ги сподели своите професионални грешки на почетокот од својата кариера, нагласувајќи им на присутните дека е важно да умеат да си простат за своите грешки.


    Во разговорот, Ниновски и Мукаетов се согласија дека не треба да се бара инстант успех. Главниот директор на „Алкалоид“ како пример го искористи фактот дека многу од младите сметаат дека најдобро ќе можат да се реализираат преку државниот сектор. Наместо тоа, ги советува да ги започнат своите кариери во приватниот сектор каде се наградуваат вредните и посветени работници.

    На самиот крај, Петар Ниновски постави прашање за вештачката интелигенција во фармацевтската индустрија. На темава, Мукаетов сподели дека „Алкалоид“ како глобална компанија ги следи трендовите и користат податоци и симулации од разни бази на вештачката интелигенција коишто понатаму служат како дел од донесувањето одлуки.

    Ниновски и Мукаетов добија рекордни 23 прашања од присутните млади на конференцијата. Токму и ова е целта на настанот коашто се одржува по втор пат – поврзување на младите во почетоците на своите кариери со веќе реализирани и успешни професионалци. 

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично