Петар Андреевски е сопственик на дополнителни 5.250 обични акции со право на глас во ВФП. Согласност доби на последната 24-та седница што минатата недела ја одржа Комисијата за хартии од вредност.
Во објавата е наведено дека КХВ „ донесе Решение со кое на физичкото лице Петар Андреевски му се дава согласност да стекне квалификувано учество во Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје, односно да стане сопственик на дополнителни 5.250 обични акции со право на глас“.
Воедно, се посочува дека во моментот кога е поднесено барањето, Андреевски директно поседува 89.250 акции или 17 проценти во ВФП.
Петар Андреевски е главен извршен директор на ова друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови, во чиј состав се ВФП осигурително брокерско друштво АД Скопје, Петар Андреевски, Артон Лена, Руперт Стробл, Сузана Ѓукиќ и Блаже Петрески.