ПОВЕЌЕ

    Петар Андреевски доби нов мандат како челник на „ВФП Фонд Менаџмент”

    Време зa читање: 2 минути

    Петар Андреевски останува уште три години на позициите извршен член на Одборот на директори и главен извршен директор на „ВФП Фонд Менаџмент” АД Скопје. Согласност е дадена од Комисијата за хартии од вредност, на денес одржаната 27 седница.

    „Комисијата за хартии од вредност на лицето Петар Андреевски му даде согласност за именување  за извршен член на Одборот на директори, односно Главен извршен директор на Друштвото за управување со отворени и затворени  инвестициски фондови ‘ВФП Фонд Менаџмент’ АД Скопје.

    Согласноста за именување на Петар Андреевски за Главен извршен директор се дава за период од три години“, информираат од Комисијата.

    Андреевски е долгогодишен главен извршен директор на ова Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови, чиј почетен капитал, според податоците од нивната веб-страница, е 525.000 евра, поделен на 525.000 обични акции со номинална вредност од едно евро по акција. Акционери се ВФП осигурително брокерско друштво АД Скопје, Петар Андреевски, Артон Лена, Руперт Стробл, Сузана Ѓукиќ и Блаже Петрески. Од овие лица е составен Одборот на директори.

    Со состојба од последниот ден на јануари, „ВФП Фонд Менаџмент” има инвестирано повеќе од 140 милиони евра, а бројот на клиенти инвеститори е над 8.500.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично