ПОВЕЌЕ

    Пет насто поскапа струја за граѓаните? ЕСМ бара три евра повеќе за мегаватчас

    Време зa читање: 2 минути

    Постои веројатност дека од идната година сметките за струја ќе бидат повисоки за околу пет проценти. Единствената понуда за набавка на струја потребна за домаќинствата е од ЕСМ, кој за мегаватчас испорачана електрична енергија побарал за три евра или за 4,84 насто повисока цена. Од актуелните 62 евра на 65 евра.

    „ЕВН Хоме како универзален снабдувач на електрична енергија, на тендерот за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јануари – декември 2026 доби само една понуда, и тоа од АД ЕСМ со купопродажна цена на електрична енергија од 65 евра за мегаватчас, за покривање на 100 отсто од вкупно планираните количини. Оваа цена е повисока за 4,84 насто од претходната, која беше добиена на последниот тендер на универзалниот снабдувач (јуни-декември 2025), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 62 евра за мегаватчас“, информираат од ЕВН Хоме.

    Конечната одлука ќе ја соопшти Регулаторната комисија за енергетика, во чии рамки, освен цената на ЕСМ, треба да се вкалкулираат и сите елементи: трошоците на МЕПСО, на МЕМО и на ЕВН Електродистрибуција.

    Просторот за зголемување на цената што ќе ја плаќаат крајните потрошувачи е отворен, се очекува само процентот. На оваа тема вчера и премиерот Христијан Мицкоски даде изјава што ми требало оптимистички да влијае врз граѓаните: „Бидете сигурни дека водиме грижа за стандардот на граѓаните и продолжуваме и понатаму да ја субвенционираме електричната енергија за сите оние коишто ја добиваат на регулираниот пазар, а тоа се домаќинствата“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично