ПОВЕЌЕ

    Пет корисници на пакетот Halk EZ добија по две ВИП карти за фестивалот Exit

    Време зa читање: 2 минути

    Време е за журка! Пет корисници на банкарскиот пакет за млади Halk EZ (Halk Easy) добија по две ВИП карти за фестивалот Exit, кој од 10 до 14 јули ќе се одржи на Петроварадинската тврдина во Нови Сад.

    На извлекувањето кое се одржа на 5 јули, беа извлечени петте добитници кои ќе имаат можност да ја искусат Exit авантурата како ВИП гости на еден од најголемите фестивали во Европа. Покрај ВИП карти за музичкиот фестивал, наградата вклучува и авионски превоз, хотелско сместување и возбудливи тури со џип и катамаран за две лица.

    „Го креиравме пакетот за млади Halk EZ за да понудиме поинакво искуство на припадниците на младата популација, искуство кое е прилагодено на нивниот начин на живот. Пакетот Halk EZ, покрај банкарски услуги соодветни на нивните потреби, претставува и платформа за едукација, поттикнување општествена одговорност, дружење и забава. Токму затоа заедно со нашите партнери од Visa одлучивме на младите кои се дел од пакетот Halk EZ да им овозможиме возбудливо фестивалско доживување на Exit кое ќе го паметат цел живот“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД Скопје.

    Пакетот Halk EZ е создаден за да одговара на секојдневните потреби на младите, студенти, средношколци, млади претприемачи и сите млади луѓе кои водат брз и динамичен живот и ги користат дигиталните технологии. Тој нуди беспплатно мобилно и електронско банкарство, Visa бесконтактна картичка со која може да се повлекува  готовина без надомест на сите банкомати во земјата и во странство, платежна сметка без трошоци за водење на истата, и низа иновативни услуги како GarminPay, SmartSend, SmartCash.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично