ПОВЕЌЕ

    Пет хотели со пет ѕвезди дел од листата каде граѓаните ќе може да ги искористат ваучерите за одмор

    Време зa читање: < 1 минутa

    Објавена листата на хотели каде граѓаните на Македонија ќе може да ги искористат своите ваучери за одмор. Ваучерите се наменети за лица со ниски приходи, чии месечни примања во семејството не надминуваат нето-износ од 30.000 денари.

    Оваа мерка е во рамките на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари. Лицата што ќе добијат ваучери може да ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во Македонија.

    Јавниот повик се затвори на 30 јуни, а сè уште се очекува листата со оние што добиле ваучер.

    На листата се наоѓаат вкупно 76 хотели од кои најмногу се во Охрид, но ги има речиси во сите краеви на државава.

    Ваучерите за одмор од 12.000 денари може да се искористат во категоризираните угостителски објекти, а цела листа може да ја погледнете ТУКА.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично