ПОВЕЌЕ

    Пет акции со најголем пораст и пад на македноска берза во февруари

    Време зa читање: 2 минути

    Согласно податоците кои ги објави Македонска берза, во месечниот февруарски статистички билтен, може да се забалежи дека најголем раст на акцијата во февруари запиша Цементарница УСЈЕ Скопје од 13,65 отсто каде просечната цена по акција на 28.02.2022 година изнесуваше 39.900,00 денари.

    Во листата на пет акции со најглем пораст се впишаа и:

    • Макошпед Скопје со раст од 13,50 отсто и просечна цена од 185,00 денари
    • Пекабеско Скопје со раст од 10,29 отсто и просечна цена од 15.000,00 денари
    • Аутомакедонија Скопје со раст од 7,70 отсто и просечна цена од 2.700,00 денари
    • Адинг Скопје со раст од 5,49 отсто и просечна цена од 750,00 денари.

    Пет компании чии акции забележаа најголем пад во месец февруари се:

    • Сковин Скопје со пад од 44,44 отсо достигнувајќи просечна цена од 10 денари
    • Макпетрол Скопје со пад од 11,41 отсто и просечна цена 68.216,77 денари
    • Гранит Скопје со пад од 9,45 отсто и просечна цена од 1205,23 денари
    • Реплек Скопје со пад од 7,47 отсто и просечна цена од 92.001,00 денари
    • Алкалоид Скопје  со пад од 7,36 отсто и просечна цена од 17.456,15 денари
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично