ПОВЕЌЕ

    Како се пресметува персонален данок на доход во Косово?!

    Време зa читање: < 1 минутa
    Заради компаративни согледувања на позициите на македонскиот даночен систем повремено споделувам информации за даночните системи на соседите и некои други споредливи даночни системи (држави).
    На ред е персоналниот данок на доход на Косово (аконтативно оданочување за примања од работен однос – плата).
    Најнапред од бруто платата на работникот се задржува 5% придонес за пензиско осигурување (компаниите дополнително плаќаат уште 5% придонес за пензиско осигурување; односно овој придонес како трошок за компаниите изнесува вкупно 10%). Други придонеси од платата не се плаќаат.
    Персоналниот данок се пресметува од бруто платата на работникот намалена за 5% придонес за ПИО, според следната прогресија (4 нивоа):
    Плата: 0-80 EUR, ПДД = 0%
    Плата: 80-250 EUR, ПДД = 4%
    Плата: 250-450 EUR, ПДД = 8%
    Плата > 450 EUR, ПДД = 10%
    ФБ статус:
    Павле Гацов, даночен експерт 
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично