ПОВЕЌЕ

    Перењето пари ги зголемува цените на недвижностите низ градовите во Западен Балкан

    Време зa читање: 2 минути

    Секторот за недвижности и градежништво се кориси за перење нелегални пари од трговија со дрога и трговија со мигранти во Западен Балкан преку зголемувањe на цените на недвижностите, според извештајот на Глобалната иницијатива против транснационален организиран криминал.

    Перењето пари преку градежништво и недвижнини е популарно затоа што сè уште е релативно достапно и може да се внесе големи количини на капитал.

    Имотот може да биде место за складирање на значителен износ на капитал, потенцијално зголемување на вредноста и подобрување на квалитетот на животот на криминалците. Претходните истражувања покажуваат дека инвестициите во градежништво и недвижнини имаат долга историја на привлекување на нелегални приходи во Западен Балкан, имајќи предвид дека секторот е економски значаен и слабо регулиран.

    Признато е дека станбениот имот е во ризик повеќе од комерцијалниот имот поради неговиот потенцијал во промет. Всушност, многу пазари на недвижности во регионот се опфатени со перење пари, бидејќи криминалците нерегуларно ги движат цените. Иако цените на недвижностите паднаа низ целиот регион во 2020 година поради коронавирусот, на многу места сеуште се остварува профит од 2017 година.

    Исто така, постои значителна трговија со дрога во регионот, што е и извор и транзитна рута за наркотици. Албанија одамна завзема битно место за производство на канабис, и покрај напорите на владата да го елиминира, а зголемените количини на дрога сега се произведуваат во Босна, Македонија и Србија. Пред сè, Западен Балкан е главен транзитен регион за канабис, хероин, кокаин и синтетички дроги. Вторите се произведуваат и во регионот, најмногу во Србија.

    И покрај значителните оперативни трошоци, организираниот криминал и нелегалната трговија со легална и нелегална стока, несомнено генерираат милијарди евра секоја година во нелегални глобални финансиски текови што одат во странство, се перат во локалните економии или се реинвестираат во други криминални активности.

    Според Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ), перењето пари сочинува околу 2,7% од глобалниот БДП, или 1,6 трилиони долари. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) наведува дека вкупните легални пари сочинуваат помеѓу 2% и 5% од глобалниот БДП. Со примена на овие проценти на Западен Балкан, секоја година се перат помеѓу 1,8 и 4,6 милијарди евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично