ПОВЕЌЕ

    КБ Прво пензиско друштво вработува две лица: Помлад Стручен соработник во Секторот за администрирање со сметки

    Време зa читање: 2 минути

    „Верувањето во фактот дека можете да имате прекрасна кариера е само еден чекор пред нејзиното постигнување“ Сен Ајкен.

     

    КБ Прво пензиско друштво АД Скопје – лидер на пазарот на пензиското осигурување во Република Северна Македонија, препознатливо по своите етички принципи, висока стручност, професионалност и транспарентност во работењето, има потреба од вработување на едно лице на позицијата стручен соработник за сметководство и финансии во Секторот за администрирање на сметки.

    Работниот однос се основа на определено работно време од 6 месеци, со можност за негово продолжување.

    Работното време е 40 работни часа, секој работен ден од понеделник до петок.

    Висината на платата е предмет на договор.

    Опис на работните обврски:

    • административни активности во секојдневното работење
    • комуникација со членови на фондовите со кои управува Друштвото
    • евиденција во рамки на пензиските фондови
    • грижа за клиентите
    • техничка поддршка во секторот
    • останати работи по налог на претпоставените.

    Потребни квалификации:

    • Дипломирани или студенти на последна година од студии
    • Да поседува возачка дозвола Б категорија и
    • Претходно работно искуство не е потребно.

    Кандидатот е потребно да поседува:

    • Напредни вештини во MS Office;
    • Комуникациски вештини, усмени и писмени;
    • Проактивност, самоиницијативност и доверливост;
    • Лична одговорност и интегритет;
    • Спремност за учење и професионално усовршување

    Друштвото Ви нуди флексибилна и пријатна работна средина, како иможност за дополнителна обука и професионална надградба.

    Доколку сте подготвени да ја креирате Вашата иднината денес, Ве охрабруваме да се приклучите на нашиот тим.

    Вашата биографија ја очекуваме на следнава електронска адреса: [email protected] најдоцна до 20.04.2021 година.

     

    Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју. Друштвото го задржува правото да не ангажира ниту еден кандидат од пријавените на конкурсот.

    За дополнителни прашања, можете да стапите во директен контакт со КБ Прво пензиско друштво: [email protected] или на тел. 02 /3243-777.

    Напомена:

    Согласно Законот за заштита на личните податоци, со доставувањето на вашата биографија за идните потреби на Друштвото, согласни сте вашите лични податоци да бидат користени во процесот населекција на кадри. Друштвото Ве известува дека вашите лични податоци нема да бидат користени за ниедна друга цел, ниту, пак, би биле достапни на трети лица.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично