ПОВЕЌЕ

    Пензиите ќе се исплаќаат од 27 до 30 април според висината на пензијата

    Време зa читање: 2 минути

    Владата им препорача на деловните банки од петок 24.04.2020 да обезбедат пензионерите со априлските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

    На 44. седница Владата ја разгледа и усвои Информација за исплата на пензии за април 2020 година, и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 23 април.

    Како дополнителен заклучок им се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

    • Во понеделник, на 27.04.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
    • Во вторник, на 28.04.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
    • Во среда, на 29.04.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
    •  Во четврток, на 30.04.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично