ПОВЕЌЕ

    СМРТНОСТ КАЈ ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Лани починале речиси 50% повеќе пензионери отколку во предпандемиската 2019 година

    Време зa читање: 2 минути

    На прашањето колку пандемијата ја зголеми смртноста кај пензионерите, одговор побаравме во бројките на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Во 2017 и во 2018 година, бројот на починатите пензионери бил сличен, околу 14.000, но во 2019 година (предпандемиска), бројот на починатите пензионери се зголемил за над 1.000. Пандемијата беше прогласена на 11 март 2020 година и таа година починаа 17.555 пенизонери, дури 2.244 повеќе отколку во претходната година. Но следната година, односно 2021 година ќе биде забележана со уште поцрна статистика, со дури 21.829 починати пензионери, што е зголемување од речиси 50 проценти во однос на предпандемиската 2019 година, или уште повеќе ако се спореди со 2017, односно 2018 година.

    МесецПочинати мажи | 2021Починати жени | 2021Починати мажи | 2020Починати жени | 2020
    Јануари20574291152268
    Февруари17014131083261
    Март1204241803178
    Април1884486874200
    Мај16814341162280
    Јуни1320310950236
    Јули9652701153228
    Август12102811047254
    Септември14993321287385
    Октомври12983221149286
    Ноември14364001807396
    Декември12973591756360
    МесецПочинати мажи | 2019Починати жени | 2019Починати мажи | 2018Починати жени | 2018Починати мажи | 2017Починати жени | 2017
    Јануари123727514133091823379
    Февруари11252789591961239241
    Март12292841009204995201
    Април907234833196774142
    Мај1079253889205828189
    Јуни956222921217824185
    Јули1040237746158806181
    Август940203815162805181
    Септември942215864228861200
    Октомври978231954223895171
    Ноември10332631007232968198
    Декември921229978231786207

    Податците за смртноста на пензионерите покажуват и дека во „нормално време“, кога немало пандемија, пензионерите најранливи биле во зимските месеци. Смртноста е значајно поголема во декември, јануари и февруари и во март, а во април почнува да се намалува.

    Секако, во време на пандемија, смртноста е диктирана од темпото на пандемијата. Може да се види дека кај нас, ефектите од глобалната пандемија не се пресликале веднаш на почетокот, туку растот на смртните случаи е евидентен од јули 2020 година. Врвот на смртноста кај пензионерите е евидентиран во јануари 2021 година кога за еден месец починале 2.486 пензионери.

    ГодинаПочинати
    201714.079
    201813.949
    201915.311
    202017.555
    202121.829
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично